Нова Демократија (НД) со убедлива победа и апсолутно мнозинство во грчкиот Парламент

Понеделник, 08 Јул 2019 | Прочитано 158 пати.

На вчерашните одржани предвремени парламентарни избори во Грција, победи централно десничарската партија Нова Демократија (НД) на чело со Кириакос Мицотакис, која обезбеди асолутно мнозинство во Парламентот и за формирање на самостојна влада.


Според податоците на грчкото Министерство за внатрешни работи, на изборите од кои досега се изброени некаде околу 67 отсто од гласовите процентот на излезеност на грчките бирачи изнесуваше 57,2 отсто.


Нова Деморкатија (НД) на чело со Кириакос Мицотакис освои 39,6 отсто од гласовите и излезе како прва партија од предвремените парламентарни избори.


Со овој резултат Нова Демократија (НД) во грчкиот Парламен составен од вкупно 300 пратеници ќе биде претставена со 158 пратеници и ќе располага со мнозинство за формирање на самостојна влада.


По соопштувањето на првите прелиминарни и неофицијални резултати, лидерот на Нова Демократија (НД) Кириакос Мицотакис им се обрати на грчките граѓани преку телевизијата, при што истакна дека спроед резултатите од изборите му е дадена надлежност за промена во Грција и рече: „Стојам зад ветувањата за поголемо вработување и раст и помалку даноци и повеќе инвестирања; со тоа ќе се зголемат платите, ефикасноста на државата и платите на пензионерите.“


Кириакос Мицотакис, денеска ќе положи заклетва и официјално ќе ја преземе должноста премиер на Грција.


Левичарската СИРИЗА пак, на чело со Алексис Ципрас која досега беше на власт, на вчерашните одржани предвремени парламенарни избори освои 31,6 отсто од гласовите на грчкиот електорат.


На тој начин СИРИЗА во наредниот период ќе биде главна опозициона партија и ќе биде претставувана во Парламентот со 68 пратеници.


Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас по соопштувањето на премлиминарните и неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори, истакна дека ја почитува волјата на грчкиот народ и рече: „Денеска со крената глава ја прифаќаме волјата на народот. За да би ја донеле Грција на нејзината денешна позиција требаше да донесеме одлуки со тешка политичка цена.“


По централно десничарската партија Нова Демократија (НД) која излезе како победник од одржаните вчерашни предвремени парламентарни избори во Грција и второпласираната левичарска партија СИРИЗА, на трето место со освоени 8 отсто од гласовите и 22 пратенички места во грчкиот Парламент се наоѓа Движењето на промена КИНАЛ чиј ,рбет го сочинува партијата ПАСОК, а потоа следува Комунистичката партија на Грција (ККЕ) со освоени 5,3 отсто од гласовите и 15 пратенички места во парламентот.


Екстремнодесничарската Златна Зора пак, која изгуби голем број гласови ја зачувува својата неизвесност. Судбината на оваа есктремно десничарска партија поради изборниот праг од 3 отсто кој што се применува во земјата, а која според прелиминарните и неофицијални резултати освои 2,97 отсто од гласовите е неизвесна, така што оваа состојба ќе се разјасни откако ќе бидат изброени сите гласови.


Од друга страна, пристигнуваат информации дека во гласачкото место во квартот Ексархиа во главниот град Атина маскирани лица украле една гласачка кутија, поради што потоа беше соопштено дека изборите во ова гласачко место ќе бидат повторени на 14 јули.

[назад]
loading...
Коментари