Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го посети гробот на Алија Изетбеговиќ

Вторник, 09 Јул 2019 | Прочитано 437 пати.

Претседатеот Реџеп Тајјип Ердоган вчера попладне ги посети гробиштата „Ковачи“ во Сараево каде што положи цвеќе на гробот на првиот претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина, незаборавниот бошњачки лидер Алија Изетбеговиќ. 


По посетата на турската воена мисија, која делува во составот на силите на ЕУФОР во Босна и Херцеговина, претседателот Ердоган ги посети гробиштата „Ковачи“ и овде положи цвеќе на гробот на првиот претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина, легендарниот бошњачки лидер Алија Изетбеговиќ, на кого му оддаде почит и читаше дова (молитва) пред неговиот гроб.



Заедно со претседателот Ердоган на гробот на Алија Изетбеговиќ положија цвеќе и членoт на Претседателството на БиХ Шефик Џаферовиќ и претседателот на Домот на Народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ.


Во придружба на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беа и неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за трезот и финансии Берат Албајрак, министерот за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан и други високи функционери на турската делегација. 


За време на оваа посета претседателот Ердоган на своето палто го носеше „Цветот на Сребреница“ кој го симболизира сеќавањето на жртвите од извршениот геноцид во тој град, во годините на војната.



Потоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и тоа со претседателот на Претседателството на БиХ Милорад Додик и со членовите на трипартитното претседателство Шефик Џаферивиќ и Жељко Комшиќ. 


Оваа средба се одржа во зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина, беше затворена за медиумите и траеше приближно 1 час.


Потоа претседателот Ердоган учествуваше на свечената вечера во зградата на Претседателството на БиХ, а го прими и претседателот на Домот на Народите на Парламентарното Собрание на Босна и Херцеговина Бакир  Изетбеговиќ. 


Приемот беше затворен за медиумите и траеше околу 40 минути. 



Потоа претседателот Ердоган во рамките на своите билатерални средби се состана и со словенечкиот претседател Борут Пахор, а го прими и бугарскиот премиер Бојко Борисов. 


Денеска, на вториот ден од престојот во Сараево каде што допатува по повод самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на маргините на самитот се предвидува да се состане и со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.


Освен тоа претседателот Ердоган во придружба и на својата сопруга Емине Ергодан, денеска во Сараево ќе присуствува и на испраќањето на посмртните останки на жртвите од геноцидот во Сребреница кои на 11 јули, во четврток, на 24-та годишнина од геноцидот, ќе бидат погребани во Меморијалниот центар во Поточари.

[назад]
loading...
Коментари