Романија: Поплавите земаа 4 животи, меѓу нив и 2 деца - реката ги однесе во смрт

Четврток, 12 Јул 2018 | Прочитано 222 пати.

Четири лица, од кои две деца, загинаа откако запрежната кола на која се возеле се превртела во поплавената река на истокот во Романија, соопштиле тамошните власти.


Инспекторот за вонредни ситуации соопшти дека бабата, дедото и нивните две внучиња ги однела брза вода откако колата се превртела во селото Магуреле.


Пожарникарите-спасувачи ја пребарале реката и ги извлекле телата на 58-годишната жена, 4-годишното момче и 7-годишното девојче. Обидот да ги реанимираат бил неуспешен.


Властите денеска го лоцирале и телото на 68-годишниот маж, на околу 500 метри подалеку.


До оваа несреќа дошло после повеќедневните обилни врнежи и поплави во Романија.


[назад]
loading...
Коментари