Се огласи Русија за веста за формирање косовска војска

Четврток, 06 Дек 2018 | Прочитано 72 пати.

 Кршење на резолуцијата на ОН – 1244 и дестабилизирачки провокативен чекор е реакцијата на руското Министерство за надворешни работи на веста за формирање војска на Косово.

„Приштина ги објави плановите дека на 14 декември ќе ја усвои одлуката за воспоставување косовски вооружени сили“, наведе руското Министерство и предупреди дека таков чекор ќе биде директно и очигледно кршење на Резолуцијата на ОН – 1244, која е единствен меѓународен легален документ во врска со разрешување на косовското прашање“, пренесе агенцијата ТАС С.

„Резолуцијата подразбира само распоредување меѓународни мултинационални трупи во регионот“, се наведува во соопштението. Приштина е подготвена да преземе уште еден дестабилизирачки и провокативен чекор по воведувањето на даноците од 100 отсто на производи од Србија и БиХ, се додава во извештајот на агенцијата.

[назад]
loading...
Коментари