Тачи ќе преговара со Белград без опозицијата

Четврток, 12 Јул 2018 | Прочитано 125 пати.

Косовскиот претседател Хашим Тачи формираше преговарачки тим за дијалогот со Србија, во кој нема претсставници на опозицијата, објави „Коха диторе“.


Според претседателскиот кабинет, пишува „Коха Диторе“, тимот е веќе конституиран, затоа што наредната средба со српската страна во Брисел треба да се одржи пред да започнат летните одмори за институциите на Европската унија, односно во текот на овој месец.


„Република Косово го има својот преговарачки тим, кој е сосема функционален и е предводен од претеседателот“, вели за весникот главниот советник на Тачи, Беким Чолаку.

[назад]
loading...
Коментари