Употреба на Армијата на Србија е можен одговор за Косово и најавата за создавање војска

Четврток, 06 Дек 2018 | Прочитано 161 пати.

Официјален Белград тврди дека нема услови за промена на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, со која трврди дека на Србија и’ се признава територијалниот интегритет и суверенитет над Косово, како и дека трупите на УНМИК се уште  се гарант на безбедност во областа, и оти не се предвидени никакви косовски воени сили.

„Се надеваме дека никогаш нема да мораме да ја употребиме нашата војска, но, за жал, мислам дека тоа во моментов е една од опциите на масата, бидејќи не можеме да гледаме ново етничко чистење и нови ’бури’, иако (албанскиот премиер) Еди Рама повикува на нив“, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ за новинарите.

[назад]
loading...
Коментари