Во Босна за загадениот воздух се виновни ќебапите?

Четврток, 06 Дек 2018 | Прочитано 141 пати.

Босна и Херцеговина, еднакво како и Македонија, си има сериозен проблем и мака мачи со загадувањето на воздухот.

Поради тоа, вчера во БиХ се одржа итна седница за аерозагадувањето на која како едни од главните виновници за загадениот воздух беа наведени локални ќебапчилници, а тоа предизвика хит реакции на социјалните мрежи и Интернетот.

Член на стручниот тим за загаденоста Пламенко Таис изјавил дека градот е загаден, а анализаторот на воздухот е близу ќебапчилница, па можеби затоа покажува повеќе.

Оваа изјава направи урнебес на социјалните мрежи.

[назад]
loading...
Коментари