Анима Мунди апелираат на карневалите да не се маскираат животни

Вторник, 12 Јан 2016 | Прочитано 620 пати.

Од Здружението за заштита на животните Анима Мунди од Скопје, со нивните подрачни здруженија низ повеќе градови, апелираат за време на карневалите да не се користат животни за дополнување на маските.

Тие посебно го потенцираат Вевчанскиот карневал и апелираат до учесниците василичари, општина Вевчани и надлежните институции оваа година, настанот да помине, како што велат, без насилство врз животните.

– Минатогодишниот карневал ја шокираше јавноста со свирепоста врз животните, велат од Анима Мунди.

извор: ОхридПрес

[назад]
loading...
Коментари