Ќе се реконструира кровот на Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга

Сабота, 11 Мај 2019 | Прочитано 379 пати.

Вчера официјално беше  потпишан договорот меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија со НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци” – Струга за поправка и реконструкција на кровот на установата. Од струшкиот Центар за култура информираат дека  постапката за избор на изведувач ќе започне наскоро со цел конечно решавање на овој проблем. Последна поправка и реконструкција на кровот беше направена пред речиси триесет години години.

Извор:Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари