Црвен крст Охрид најавува уште една хуманитарна акција за помош на Јана

Среда, 09 Окт 2019 | Прочитано 109 пати.

Црвен крст Охрид најавува уште една хуманитарна акција за помош на Јана. Овојпат наш партнер е тимот на Oriflame со кого на 11 и 12 октомври, на градскиот плоштад  „Св.Климент Охридски“, Охрид, во периодот од 11 до 16 ч. Ве покануваме на дружење и забава, зачинета со хуманост.


Додека волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите програми, тимот на Oriflame за сите заинтересирани, по симболична цена од само 100 денари, ќе врши тестирање и целосна, професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција.


Искористете ја оваа можност за анализа на својата кожа на чувствителност, брчки, акни, меланин, пори и др., но и да ги вкусите производите од ресторанот Лихнидос и пијалоците на фирмата Рондо трејд кои се вклучија во оваа хуманитарна акција. Средствата собрани од овој настан ќе бидат наменети за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска.

[назад]
loading...
Коментари