Денеска во Струга започнува фестивалот ”Кенге Јехо"

Петок, 05 Јул 2019 | Прочитано 203 пати.

Денеска во Струга започнува фестивалот ”Кенге Јехо" со почеток во 20:30 часот . Фестивал кој што веќе е дел од Струшката традиција од 1991 кога и е основан, постои за да не потсети на албанските вредности и култура.


Вечерва, на отворањето на првата вечер на овој фестивал, ќе ги следите настапите на КУД “Јахи Хасани“ -Чегран, Гостивар , Културниот Центар “Качанику“од Качаник, КУД” Шчипоња” од Сарај Скопје, и ансамблот “ Фолк Алб“ од Тирана. Како почестен гостин ќе настапи Мерита Сахити Селишта.


На втората вечер 06.07.2019) ќе настапат КУД “Резет е Стругес“, ансамблот “Кемајл Азизи” од Вити Косово, КУД "Бајрам Шабани" од Куманово и ансамблот за народни танци "Емин Дураку" од Скопје.


На последната вечер на фестивалот ( 07.07.2019) ќе настапат ансамблот “ Илирида” Скопје, ансамблот "Скендербеу" од Корча, КУД "Зери и Лугинес” Бујановци, и КУД “Прешево” од Прешево и како последни ќе настапат КУД “ Ѓилан” Ѓилан со што за оваа година ќе биде обележано завршувањето на фестивалот “ Кенге Јехо “ .


Канцеларија за односи за јавноста,
Општина Струга

[назад]
loading...
Коментари