Дождот го излади Охридското Езеро

Вторник, 16 Јул 2019 | Прочитано 304 пати.

Врнежите од дожд предизвикаа пад на температурите на воздухот и водата во Охридското Езеро.


Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во Езерото изнесува 21 степен Целзиусов.


Според најавите веќе од утре се очекува стабилизација на временските прилики, но нема да дојде до значителен пораст на температурата во Охридскиот регион. Минималната ќе достигне 12, а максималната 22 степени Целзиусови.


Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари