Гром удри во трансформаторот во Шум, Струга без вода

Четврток, 11 Јул 2019 | Прочитано 334 пати.

Гром удрил и предизвикал големо оштетување на трансформаторот на електричната енергија кај пумпите во село Шум.


„Поради лошите временски услови со многу електрични празненња, еден гром удрил токму во трансформаторот за електрична енергија што ги снабдува пумпите кај пумпната станица во село Шум.


Како последица на ова, од МЈП Проаква синоќа информираа дека во текот на денешнот ден ќе има слабо снабдување со вода за пиење во целиот град и селата на Општина Струга. Од таму апелираат граѓаните да да ги преземаат потребните мерки за да имаат вода барем за основните потреби додека не се санира овој голем дефект.


Нашите екипи заедно со екипите на ЕВН Македонија од синоќа се на местото на настанот и прават максимални напори да го оспособат Трансформаторот што побрзо за да се нормализира снабдувањето со вода за пиење. Ве молиме за разбирање и трпение.“ – велат од МЈП Проаква.


Извор: Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари