Испорака на роба во стариот дел од градот ќе се врши од 5 до 10 часот

Четврток, 11 Јул 2019 | Прочитано 143 пати.

Од локалната самоуправа ги информираат сите економски оператори кои вршат испорака на стоки и производи во стариот дел на Охрид да поднесат документација за издавање на картички. Потребната документација за поднесување е следна:Копија од сообраќајни дозволи од возилата, Копија од ДРД образец издаден од Централен регистар уредно потврден со печат и потпис од ЕО (не постара од 6 месеци).


Картички за испорака на стоки и производи ќе добијат сите баратели кои ги исполнуваат условите, при што најголемата дозволена вкупна маса на возилата не смее да биде поголема од 5 тони.


Барателите кои имаат потреба од вакви картички, можат да ги достават своите документи секој работен ден во Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици во Општина Охрид.


Издадените картички за испорака на роба се временски ограничени и важат во интервалот од 05:00-10:00 часот.


Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари