Консултативната средба во Струга - Едно општество и интеркултурализам

Среда, 12 Јун 2019 | Прочитано 65 пати.

Вчера во просториите на салата на Советот на Општина Струга се оддржа консултативна средба за составување на Националната стратегија за развој на концептот Едно општество и интеркултурализам.



На дискусијата зедоа збор Петрит Сарачини заменик координато на кластер медиуми во координативото тело за подготовка на националната стратегија, Петар Атанасов заменик министер за образование и култура,Дејан Павлевски заменик министер за локална самоуправа, Алберт Хани директор на регионалната канцеларија за млади РИКО и Уранија Пировска преставничка на граѓанскиот сектор; кои зборуваа за тоа колку е важно да се имплементира и спроведува стратегијата.



На средбата беа присутни преставници од невладини организации, советници, просветни работници, претставници од академска заедница, културни работници и активисти .


Меѓу другото се дискутираше за интеркултуроста, етничката припадност и проблематиките поврзани со тоа,структурите во функција и нивната улога во сето ова, како и за составувањето на оваа стратегија која за цел има да создаде општество во кое секој ќе живее и делува подеднакво без разлика на етничката припадност, без разлика на полот или вера.



Со ова стратегија ќе се стават во фокус и маргинализираните групи, лицата со посебни потреби како и групите на граѓани кои за некоја причина се одвоени од општеството.


Целта на стратегијата, како и мотото зад оваа стратегија е да се создаде едно општество за сите, здраво општество и општество кое ги прифаќа и ги признава разликите, интеркултурно општество.



Во наредните денови се очекува оваа стратегија да биде комплетирана и конечно да се имплементира како таква.






Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

[назад]
loading...
Коментари