Можностите на младите и придобивките од влезот во ЕУ и НАТО

Четврток, 17 Мај 2018 | Прочитано 100 пати.

Во организација на Центарот на заедницата на Општина Струга и Здружение Аква во соработка со Владата на Република Македонија, во петок, 18-ти мај во Струга, ќе се одржи трибина на тема на која ќе се дискутира за можностите на младите и придобивките од влезот во ЕУ и НАТО.


Предвидено е на трибината да се обратат премиерот Зоран Заев, и вицепремиерите Бујар Османи и Кочо Анѓушев. Присутните ќе имаат можност отворено да дискутираат со говорниците.

Настанот кој е од отворен карактер, ќе се одржи на Чаршискиот мост со почеток во 15 часот.

извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари