Не ви е потребна лиценца за да спасите нечиј живот

Петок, 07 Сеп 2018 | Прочитано 283 пати.

Под мотото „НЕ ВИ Е ПОТРЕБНА ЛИЦЕНЦА ЗА ДА СПАСИТЕ НЕЧИЈ ЖИВОТ“ Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош на 8.9.2018 г. (сабота) на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ каде во периодот од 10-12 часот. тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при повреди во сообраќајни незгоди.


Добро познат факт е дека ако не биде укажана навремена прва помош, многу од тешко повредените лица не преживуваат во сообраќајните несреќи (Светска Здравствена Организација-СЗО, 2004). Примената на техники за укажување на прва помош, особено правилното позиционирање на повредениот пред да пристигне тимот на ИМП, може да значи многу во однос на изборот помеѓу смртта и животот.


Факти за сообраќајните несреќи:


Сообраќајните несреќи одземаат повеќе од 1,34 милиони животи секоја година и имаат големо влијание на здравството и развојот.


Во светски рамки последиците од повреди и жртви предизвикани од сообраќајни несреќи ги чинат владите приближно 3% од ГДП.


Сообраќајните несреќи се водечка причина за смртност кај младите лица на возраст помеѓу 15 и 29 години


Една од најчестите причини за смрт кај жртвите од сообраќајни несреќи е аноксија, недостиг на снабдување со кислород предизвикано од блокада на дишните патишта. 


Сообраќајните несреќи во ниско и средно развиените земји чинат 65 билиони УСД на годишно ниво.


Сообраќајните несреќи се на 9-то место како причина за смрт или 2,2 % од сите смтни случаи на светско ниво се должат на нив , и се предвидува дека ќе станат 7-ма водечка причина за смрт до 2030 година.



Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари