„Нероазурите“ се обединија во Охрид, фан тимот на Лабуништа најдобар на турнирот

Понеделник, 10 Јун 2019 | Прочитано 871 пати.

Фан тимот на Интер од Лабуништа триумфираше на турнирот „Армата 2019“ кој се одигра завчера во Охрид. Екипи составени од симпатизери на Интер од нашата земја попладнево ги одмерија силите и дружеа во СРЦ „Климент Колески“.


Екипата на Лабуништа во мечот за трофејот на пенали го совлада тимот од Битола, додека охридскиот состав финишираше на третата позиција.


Охрид прв пат беше домаќин на традиционалниот турнир на симпатизерите на Интер, а следната година домаќин ќе биде некој друг град кој ќе ги обедини навивачите на „нероазурите“. 


[назад]
loading...
Коментари