Несовесни граѓани вршат незаконска сеча на шума во Националниот парк „Галичица

Четврток, 12 Јул 2018 | Прочитано 186 пати.

Повеќе борови дрва нелегално се пресечени во населбата „Бејбунар“, во близина на 110 киловолтната трафостаница на „ЕВН“, на подножјето од Националниот парк „Галичица“. Очевидци велат на ова место покрај свежо исечени дрва кои дрвокрадците не успеале да ги подигнат, има траги од сеча кои датираат од порано, како и опожарени места.


-Сечата е извршена со моторна пила на стручен начин. Извршено е фотодокументирање на доказите и се води постапка против непознат сторител. – изјавија од националниот парк.


Оттаму информираат дека на овој реон е засилено присутвото на ренџерската служба, а чести контроли се вршат и во другите реони. Посочуваат дека националниот парк опфаќа површина од близу 25.000 хектари и невозможно е физички целосно да се заштити, но во соработка со населението, љубителите на природата и совесните граѓани се прават напори да се спречи уништувањето на шумата и другиот жив свет на Галичица.
Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари