Од денес измена на возниот режим на преминот Ќафасан

Петок, 08 Дек 2017 | Прочитано 1,216 пати.

Од АМСМ информираат дека на магистралниот пат А2, делница Струга – Граничен премин Ќафасан од денес, 8-ми декември, од 14 часот, започнува измена на возниот режим за сообраќај поради изведување на градежни работи. Измената на возниот режим ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.


Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојничави места.


Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.


Извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари