Од викендов директна авио линија Истанбул - Охрид

Сабота, 14 Апр 2018 | Прочитано 447 пати.

Во недела, 15 април, во 13.15 часот на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ ќе пристигнат првите гости од Истанбул со авион на компанијата Онур Ер, со што и официјално ќе биде воспоставена директна авио линија Истанбул - Охрид.


Традиционално, првиот директен лет од Истанбул до Охрид со авиокомпанијата Онур Ер, ќе се одбележи со пригодна свеченост на охридскиот аеродром. Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој и претставници на Онур Ер и на Татилбудур.


 


 

[назад]
loading...
Коментари