Одличен старт на есенската сезона на Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ во Бугарија

Вторник, 08 Окт 2019 | Прочитано 66 пати.

Одличен старт на есенската сезона на спортистите од Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ на Меѓународниот Таеквон-до ИТФ натпревар, дисциплина спаринг за деца до 14 години, кој викендов се одржа во градот Плевен во Бугарија.


Младите таоеквондисти настапија со 6 натпреварувачи, од кои 5 се закитија со медали, и тоа со 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени.


– Презадоволен сум од настапот на нашите натпреварувачи, затоа што Бугарија е една од најсилните федерации во светот. Конкуренцијата беше силна, настапивме со 3 дебитанти, со еден натпреварувач кој е во подем и двајца од нашите најдобри натпреварувачи. Посебно ме радува фактот што Давид Крстески во финалето се бореше со Европскиот вицешампион Љубомир Дракалски, каде со мала судиска помош и многу тесна разлика победи домаќинот. Сепак, Давид покажа дека се’ уште е врвен спортист, совладувајќи претходно 3 противници до финалето. Елена Јанеска во финале се бореше со репрезентативката на Бугарија, каде и покрај помошта од судиите го освои златниот медал и ги исполна сите критериуми за учество зa наредното Европско првенство во Прага 2019. Владимир Димитриевиќ го освои 3 место во неговата категорија, и полека чекори по стапките на неговиот брат Божидар Димитриевиќ кој беше претствник на нашата репезентација на светското првенство во Пловдив оваа година. Од нашите дебитанти, бевме најпријатно изненадени од Христијана Парулеска која го освои второто место во нејзина категорија, додека Софија Колушоска се закити со бронзен медал. Единствениот наш натпреварувач кој не освои медал е Јохан Парулески, кого сакам посебно да го пофалам, бидејќи беше пријавен во категорија за деца 8-9 години -45 кг, но поради немање на противници беше префрлен по негова желба во поголема старосна категорија во деца 10-11 години, каде имаше одлични две борби. Иако не освои медал, посебно се гордееме со него, за неговата храброст што влезе во борба со постари од него, а сите знаеме дека во тие години разликата е голема. За него е ова беше втор натпревар, и прв надвор од Македонија, вели тренерот и претседател на клубот Марјанчо Лазаревски, носител на црн V појас дан.


Тој се заблагодари на нивниот генерален спонзор „ПН Метал“, кој е најзаслужен за нивното учество на овој престижен натпревар.


Извор:ОхридПрес


 

[назад]
loading...
Коментари