Охрид домаќин на тркалезна маса за хибридните закани поврзани со информациите

Понеделник, 07 Окт 2019 | Прочитано 57 пати.

Денеска во Охрид свечено ќе биде отворена Втората Тркалезна маса за лидери на високи позици, хибридните закани поврзани со информациите, финансирана од програмата Наука за мир и безбедност и коспонзорирана од Министерството за одбрана на САД.


На отворањето ќе учествува министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тркалезната маса се одржува до 12-ти октомври.
За време на тркалезната маса фокусот ќе биде на хибридните закани поврзани со информациите и заканите што влијаат на политичките, територијалните и/или економските аспекти на една земја или Алијансата преку кинетички, некинетички или комбинирани средства со користење на информациите, дезинформациите, неинформирањето и медиумите – традиционалните или социјалните.


Учество ќе земат лидери на високи позиции од над 20 држави од Европа, од САД и од НАТО. Главен предавач ќе биде господинот Марк Лајти, директор на Секторот за комуникации при Врховниот штаб на НАТО сојузничките сили во Европа (SHAPE). Тркалезната маса е во организација на Џорџ Мејсон Универзитетот (George Mason University) од САД, Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје и Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево.


Извор:ОхридПрес

[назад]
loading...
Коментари