Охрид се збратими со Стар Град Сараево

Понеделник, 09 Дек 2013 | Прочитано 1,024 пати.

Претседателите на советите на општина Охрид, Гордана Коњановска и на Општината „Стар Град“ - Сараево, Ведран Додиќ, вчера потпишаа документ со кој двете општини  се збратимија.


- „Пред две години слична соработка потпишавме и со општина Карпош. Ова е втора соработка во Македонија, а имаме во план да се збратимиме уште со неколку. Многу сме слични со туристичките капацитети и проекти за развој на туризмот, истакна Ведран Додиќ претседател на советот на Општината „Стар Град“ - Сараево.



- „Со овој свечен чин се заокружи првата етапа од формализирањето  на препознаената потреба од градење на едни односи со една многу значајна општина од Р Босна и Херцеговина која е наша пријателска земја и на овој начин имаме прва општина од Р Босна и Херцеговина која е збратимена со Охрид со што го пополнуваме мозаикот на братски градови од сите змеји од регионот. Веќе се препознаени можностите за широка соработка, економска, културна, од областа на туризмот и сигурна сум дека ова е почеток на реализирање на сите планови за кои досега се разговараше и убедена сум дека пријателството ќе трае долго“, истакна по потпишувањето претседателот на советот на општина Охрид Коњановска.

[назад]
loading...
Коментари