Охридски дијалог за сегашните и идните стратешки цели на државата

Среда, 09 Окт 2019 | Прочитано 36 пати.

Oд 24 до 26 октомври 2019 година во Охрид ќе се одржи „Охридскиот дијалог: Искористување можности и креирање идни партнери во Западниот Балкан“. Настанот е организиран од Атлантскиот Совет (Atlantic Council) и Охридската група со поддршка на Владата.


Овој настан има за цел да отвори дискусии за сегашните и идните стратешки цели на државата, за креирање партнери на регионално и меѓународно ниво и за создавање нови идеи за политики и развој. Во овој настан се очекува да присуствуваат високи сегашни и поранешни функционери од регионот, САД, Велика Британија, ЕУ, НАТО, како и аналитичари и меѓународни новинари.


Извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари