Општина Струга започна со изградба на потпорни ѕидови на местото каде ќе се гради спортска сала во Лабуништа

Понеделник, 16 Апр 2018 | Прочитано 2,129 пати.

Викендов, Општина Струга започна со изградба на потпорни ѕидови на место каде што е предвидено изградба на спортска сала во Лабуништа. Со оваа инвестиција на Општина Струга е предвидено да се заштити теренот од евентуално лизгање на земјиштето.



Само за потсетување, години наназад се ветуваше изградба на спортска сала во Лабуништа, но никако тоа ветување да се реализира. Неодамна министерката за образование и наука Рената Дескоска истакна дека спортската сала во Лабуништа планирано е да почне да се гради оваа календарска година.



Таа посочи дека со оглед на проблемот со имотно-правните односи што постоел бил одложен почетокот на изградбата на спортската сала во Лабуништа.


- Направивме договор со општина Струга да го заврши она што значи уредување на просторот за да може да почне изградбата. Имаме склучено договор со изведувач. Штом ќе бидат завршени подготвителните работи од страна на општина Струга изведувачот ќе ја почне градбата, додаде Дескоска.



 

[назад]
loading...
Коментари