Пензиомерите од осмиот регион во најдобро светло

Вторник, 25 Јун 2019 | Прочитано 202 пати.

Во неделата на 23 јуни 2019 година,се одржаа 24.Регионални спортски натпревари од осмиот регион,а домаќин беше ЗП Струга.Оваа здружение има спортска традиција,за организирање,бидејќи трет пат е домаќин на Регионалните спортски пензионерски натпревари и еднаш на Републичките натпревари.


На овие спортски натпреварувања учествуваа пензионери од југозападниот регион.На натпреварите учествуваа пензионери – спортисти од следните здруженија:ЗП-Струга како домаќин со 70 натпреварувачи,ЗП Охрид и Дебарца со70 натпреварувачи,
,Дебар и Центар жупа со 23,ЗП Кичево со 48,ЗП Македонски Брод со 22,Вевчани со 14 и ЗП Лабуништа со 9 натпреварувачи.


Пред отварањето,поканетите гости и учесници беа пречекани од страна на домаќинот – претседателот на ЗП Струга,Милорад Трпоски,кој воедно изврши смотра на сите спортисти,кои се натпреваруваа во 11 дисциплини:шах,домино,пикадо,кош-слободно фрлање,фудбал пенали на мали голчиња,стрелање со воздушна пушка,тегнење јаже,фрлање ѓуле,скок од место и трчање за мажи жени.


Претседателот Трпоски,исто така истакна дека за релизирање на овие 24.Регионални спортски натпревари на пензионерите,е во организација на на СЗПМ,кој ја истакна и добрата соработка со Сојузот,а посебно ја истакна соработката со здруженијата – учесници на овие спортски натпревари.



На овие регионални спортски натпревари учествуваа сите здруженија од регионот со 257 натпреварувачи,17 судии и други пензионери учесници или вкупно 300 учесници ,што се најмасовни.На крајот од своето излагање им посака убав престој и да понесат убави спомени од Струга и местото,каде што се одржаа натпреварите во рекративниот ценатар на Хотелот „Бисер“,каде што и беа угостени гостите и учесниците.Поздравни зборови до учесниците на овие регинални натпревари им упати и Марика Попоска,член на Советот на општина Охрид,која истакна дека ми причинува чест и задоволство во мое име и името на општина Охрид да ве поздравам и да Ви посакам голем уапех на овопгодишното издание на Регионалните спортски игри за пензионери.Уште една Ви посакувам успешни спортски игри и пријатен престој овде во Калишта,во едн од најубавите и најживописните предели на крајбрежијето на Охридското Езеро.


24.Регионални натпревари ги прогласи за отворени претседателот на Собранието на СЗПМ м-р Илија Адамоски,кој на своето обраќање се зблагодари за дадената доверба,најпрво ја поздрави претседателката на на СЗПМ госпоѓа Станка Трајкова,која беше гостинка и будно ги пратеше спортските пензиоинерски натпревари,како ипретседателот на комисијата за спорт на СЗПМ Здравко Петковски,исто така ги поздрави и претседателите на на здруженијата на пензионери од 8- от регион.Во своето излагање господинот Адамоски истакан деека ми причинува посебна чест и задоволство што денес сум дел од овој спортски настан на нашите пензионери од третатата доба која претставува активно стареење на луѓето-корисници на пензија,кои уште еднаш сакаат да докажат и покажат несебично безрезервно не само во спортот што се натпреваруваат,туку општеството треба сериозно да смета на нас пензионерите,бидејќи со нашите активности,искуство и мудрост се уште сме во состојба да придонесуваме сериозен општествен фактор во разрешување на низа општествени проблеми и прашања не само од интерес на пензионерите туку и за сите граѓани на нашата Република.И накрајот уште еднаш срдечно Ве поздравувам и на сите учесници на игрите му пожелувам што подобри резултати и успеси,но не по секоја цена на штета на вашето здравје и повреди.Ве известувам дека игрите ги прогласувам за отворени,заври Адамоски.


Најдобри резултати постигнаа – пензионерите од Охрид и Дебарца,кој беше и севкупен победник,со 15 први места,Второ место Кичево со 4 први места,на трето место се пласира ЗП Струга со 3 освоени први места и Лабуништа со освоено едно прво место.Овие победници-пензионери спортисти се пласираа за Републичките натпревари кои ќе се одржат на почетокот на септември во Скопје.


Победија подобрите на кои им беа врачени благодарници на здруженијата и поединци што ги врачи Стефан Шурбаноски,претставник и кординатор на комисијата за спорт и рекреација за осмиот регион при СЗПМ.


СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

[назад]
loading...
Коментари