По 3 години се уште не се вратени украдените икони пронајдени во Тирана

Сабота, 24 Дек 2016 | Прочитано 546 пати.

Сè уште е неизвесно кога и дали Албанија ќе ни ги врати 20-те украдени икони од македонските цркви, кои пред три години беа пронајдени кај организирана албанска криминална група во Тирана.

Пред неколку недели, Република Албанија испратила известување до македонските власти дека за конечно враќање на иконите во Македонија, треба да заврши постапката, која е иницирана пред Врховниот суд на Албанија од осудените. Сè до конечна одлука од Врховниот суд, иконите се сметаат како материјален доказ во постапката против осудените и како такви се ставени под заштита на албанската држава, и се чуваат во Музејот во Тирана, пренесува Вест.мк.

Дваесет  икони  потекнуваат од  дебарско, струшко, битолско и преспанско препознаа експерите од Македонија. Иконите беа дел  од  богатиот плен на албанската полиција во октомври 2013 година, а дел и  припаѓаат на Дебарско кичевската епархија.

Претставници на МВР заедно со  вешти лица од Музеј Струга  и Битола во декември 2013  беа во Тирана за да ги препознаат иконите,  кои се дел од културно историското наследство.

Дел од иконите беа украдени од црквите од селата  Радожда, Модрич,  Буринце и Селце. Нив ги препознаа експертите од струшкиот музеј веднаш после грабежот од сликите во медиумите.

-  Вредноста нивна за нас е исклучиво историска тоа е наше црковно богатство. Иконите имаат  уметничка вредност. Тоа е дел од нашата историја на нашата православна црква,  но и на нашиот народ тоа е вредност која нема цена, ,изјави Сашо Цветкоски директор на Музеј “Незлобински” Струга за Охриднет.

Од 2008 до 2013  година арамиите од струшко дебарскиот регион  успеаа да одземат 300 вредни икони.


извор: Охриднет

[назад]
loading...
Коментари