Почнува 59-то „Охридско лето“

Петок, 12 Јул 2019 | Прочитано 76 пати.

Со концерт на светски познатата британка и виртуоз на виолина, Ванеса Меј, вечерва на Античкиот театар, свечено ќе биде отворено 59-то издание на фестивалот Охридско лето. Церемонијата на свеченото отворање ќе започне во 21 часот.


Иако е вообичаена традиција, ѕвездата на годинешното „Охридско лето“ нема да одржи прес конференција.


Фестивалот од 12 јули до 20 август ќе понуди 45 содржини најавија селекторите на фестивалот.


Меѓу триесет и четирите концерти кои публиката ќе ги види годинава ќе биде настапот на најпознатите виолончелисти на светската сцена Русинот Денис Шаповалив, сопранистктата Инва Мула од Албанија која ќе настапи со македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцкоски и со сопранот Дешира Карлиу, пијано дуото Гелебешеви, српскиот виолинист Стефан Миленковиќ, некогашното чудо од дете, ансамблот Дорицо од Италија и други.


Во драмскиот дел како што најави селекторот Александар Поповски, низ содржините, ќе му биде оддадена почит на починатиот драмски писател Горан Стефановски.


Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари