Пуштени на слобода приведените лица за инцидентот во Волино

Вторник, 10 Сеп 2019 | Прочитано 198 пати.

Секторот за внатрашени работи (СВР Охрид), ги пушти на слобода приведените лица помеѓу кои имаше и фудбалери на Сатеска за вчерашниот инцидент, кој се случи пред и после мечот Сатеска – Црно Буки во рамките од Третата МФЛ југо-запад.


Жителите од Волино незадоволни од полицијата и нивната реакција прво го затвориле патот за излез од селото а потоа протестираа пред седиштето на СВР Охрид.


Во официјалниот записник нема ништо за инцидентот кој се случил во текот на натпреварот. Фудбалскиот клуб Сатеска нема да подлежи на дисциплинска постапка од ФФМ освен ако судиската тројка и делегатот немаат најавено дополнителен записник кој се прави во случај да биде загрозена безбедноста на официјалните лица.

[назад]
loading...
Коментари