Се расчистува Диви депонии во Лабуништа

Сабота, 01 Ное 2014 | Прочитано 1,214 пати.

Големата депонија од најразличен отпад и секаков вид на ѓубре и смет кој пред извесен период можеше  да се забележи на  локалниот пат кој води кон населбата Боровец и дел кој се поврзува со населбата Лабуништа денеска конечно беше отстранет.

Жителите на овие населени места со негативни реакции ги осудуваа ваквите постапки на некои несовесни жители кои секој ден се повеќе ја загадуваа околината.

Нашата екипа денес присуствуваше на местото каде ЈКП Хигиена од Лабуништа   вршеше  расчистување на депонијата.

Жителите се надеваат дека после целосното расчистување на отпадот нема да се соочуваат со истиот проблем,кој веќе извесен период ги мачи жителите.







[назад]
loading...
Коментари