Традиционалната матурска парада ќе се одржи на 17-ти мај

Среда, 15 Мај 2019 | Прочитано 92 пати.

атурската парада ќе се одржи овој петок, 17- ти мај на Градскиот плоштад.

Околу 400 охридски матуранти од сите средни училишта заедно со своите врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа, точно напладне ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера “Лилјакот”.

И оваа година подготовките за танцот се одвиваат под будното око на професорката Соња Думбаловска Делова.

Матурантите ќе бидат облечени во сини и бели маички, со чадори во овие бои, а ќе ги поздрави претседателката на градскиот совет, Живка Ангелоска.


 



Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа “Уршка” во Љубљана.

Танцот “Квадрил” матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале.
 
Извор: ОхридПрес фото: архива

[назад]
loading...
Коментари