Уште едно високо меѓународно признание за пистаелот Петко Шипинкаровски

Среда, 05 Сеп 2018 | Прочитано 297 пати.

Струга, 5.септември 2018 - Писателот Петко Шипинкаровски се здоби со уште едно меѓународно признание, овојпат, наградата „Аполон“, што ја доделува градот Сремска Митровица.
Доделена му е за “ убавоиот запис и афирмацијата на пишаната реч”, стои во образложението на жири комисијата.
Високото признание ќе му биде врачено на 6 ноември, во општинската зграда на Сремска Митровица, во рамките на тамошните прослави и свечености - “Ноемвриските празнувања”.
Покрај Шипинкаровски, од Македонија, добитници на наградата „Аполон“ се уште и Елка Њаголова, писател од Варна – Бугарија,
Бапкен Симоњан, почесен конзул на Република Србија во Ерменија и Срѓан Малешевиќ, писател од Шид, Република Србија.
Наградата „Аполон“ на градот Сремска Митровица е востановена во 1989 година и до сега добитници, за остварувањето во книжевноста и литературата, се од Канада, Австрија, Франција, Германија, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Словачка, Унгарија, Хрватска, Македонија и Србија.


Наградата се состои од доделување на Повелба, односно Диплома, и фигура на главата на Богот Аполон излеана во бронза, како прототип на оригиналот што е пронајден крај тврдината на античкиот град Сирмијум, денешна Сремска Митровица.


Аполон не само што е Бог на сонцето, туку и заштитник на пророците, пејачите, на поезија, музика и песна, туку тој е и симбол на убавината.
Шипинкаровски е член на ДПМ, почесен член на Друштвото на писателите на Србија, надворешен член на Сојузот на независните пистеле на Бугарија и член на МНД од Битола.
Добитник е на многубројни награди и признанија од Македонија и од странство.(Крај)
В.М.

[назад]
loading...
Коментари