Успешно завршено 28-то издание на фестивалот Кенге Јехо - Струга

Понеделник, 08 Јул 2019 | Прочитано 177 пати.

Минатиот петок во Струга, се оддржа првата вечер на фестивалот на албанскиот мелос и фолклор, фестивалот Кенге Јехо. Кенге Јехо од самото основање во 1991 година и до ден денес служи да не потсети на културното богатство кое го имаме, на носиите и нивните карактеристики и разлики според регионот , и да не задоволи со народни песни и ора, секоја година со разновидни традиции од сите албанските територии.



На отворањето на фестивалот, фестивал кој веќе е долгогодишна традиција за Струга, присуствуваше и градоначалникот Мерко на кого и му беше доделена благодарница и пофалба за подршката и придонесот што го дал низ годините и продолжува да го дава како градоначалник на Општина Струга.



Посли три ноќи култура и изведби на околу 15 ансамбли и културни друштва од Косово, Албанија,и Северна Македонија, 28-то издание на Кенге Јехо, заврши со успех.




Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

[назад]
loading...
Коментари