Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис доаѓа во Македонија за подршка на референдумот

Среда, 12 Сеп 2018 | Прочитано 295 пати.

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис најави дека следниот викенд ќе ја посети Македонија пред референдумот на 30 септември на кој ќе се гласа за Договорот за Грција за промена на името, изразувајќи притоа загриженост поради руско наводно руско мешање.


“Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ”, рече Матис во изјава за новинарите во Пентагон.


Шефот на Пентагон изјави дека е загрижен оти Русија би можела да се обиде да се вмеша во исходот на референдумот, од чиј успех зависи членството на Македонија во НАТО.
“Ако имате гласање, Москва ќе се меша. Јас сум загрижен за тоа.  Такво мешање Русија практикуваше од Естонија до Соединетите Американски Држави, од Украина и сега во Македонија, секогаш се приспособува на конкретната ситуација и секогаш е надвор од сите правила”, рече американскиот секретар за одбрана.


„Демократиите треба да бидат оставени намира“, порача Матис.


Матис е највисокиот државен претставник на САД кој ќе дојде во Скопје во пресрет на референдумот.
В четврток во Македонија земјата ќе престојува помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.


Прашањето за мешањето на Москва и обидите за уривање на Договорот од Преспа се актуелизираа откако Грција летово протера двајца од земјата. Македонскиот премиер Зоран Заев потоа тврдеше дека дел од протестите и насилствата во неговата земја против договорот со Грција биле спонзорирани од грчки бизнисмени со руски врски.


Извор:kapital.mk

[назад]
loading...
Коментари