Citroën го забележа најсилниот раст на топ 12 автомобилски брендови во Европа

Понеделник, 10 Јун 2019 | Прочитано 73 пати.

CITROËN C3 моделот беше претставен пред две ипол години, во Ноември 2016, и веќе има достигнато 600.000 продажби. Додека дваесет месеци по лансирањето Citroën C3 Aircross SUV веќебележи 200.000 продадени возила.



Вистинска успешна приказна! Oваа трета генерација на С3 го докажа убедливо статусот на бестселер на марката. Ова го направи Citroën C3 3тата најдобро продавана кола во Франција и 4та најдобро продавана кола во нејзината категорија во Европа. Со повеќе од 110.000 порачки од почетокот на годината го продолжува својот раст.



Citroën C3 Aircross SUV го потврди својот комерцијален моментум со веќе остварени над 200,000 продажби од неговото лансирање во Октомври 2017, вклучувајќ иречиси 60,000 продажби од почетокот на 2019 година. Во Европа, нарачките за моделот достигна раст од 16% во споредба со првите 5 месеци од 2018. Ова, повеќе од било кога, го позиционираше овој модел како второто најпродавано патничко возило на Citroën, веднаш по C3. Овој извонреден перформанс му овозможи на Citroën C3 Aircross Compact SUV да се рангира како третиот најдобро продаван во својата категорија (B-SUV категорија) во Франција и шестиот во Европа. Со тоа овие модели, станаа главниот допринесувач за комерцијалната офанзива на Citroën, со тоа што марката го забележа најсилниот раст на топ 12 автомобилски брендови во Европа.


СЛАВИМЕ 100 ГОДИНИ CITROËN ИНСПИРИРАНИ ОД ВАС!
Откријте ја и роденденската понуда со промотивен попуст и гратис пакет опрема за возилата во салоните на Citroën или на citroen.com.mk .

[назад]
loading...
Коментари

Македонија