Димитров и Поповски на Меѓународната конференција за слобода на медиумите во Лондон

Среда, 10 Јул 2019 | Прочитано 151 пати.

Министрите за надворешни работи и за комуникации, отчетност и транспарентност, Никола Димитров и Роберт Поповски, денеска и утре, на покана на Владата на Обединетото Кралство, во Лондон ќе учествуваат на Меѓународната конференција за слобода на медиумите.


Димитров денеска ќе биде дел од панелот „Слободата на медиумите во Западниот Балкан и нови начини на работа“, а утре ќе говори на панел-дискусијата „ Што можат да сторат Владите за да ја зголемат медиумската одржливост?“.


Поповски, пак, ќе се обрати во рамките на Националните изјави, а ќе учествува и на тркалезна маса: „Кампања за слобода на медиумите: кон 2020 - одржување на влијанието“.


Инаку, Конференцијата за прв пат, во коорганизација на Обединетото Кралство и Канада оваа година се одржува во Лондон, а следната година ќе се одржи во Канада.


Извор:mkd.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија