Филипче: Нема повлекување на одлуката за невакцинираните деца

Вторник, 10 Сеп 2019 | Прочитано 95 пати.

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека нема да има отстапки од одлуката невакцинирани деца да не ги примаат во училиште и градинка. По неофицијалните информации дека во некои училишта не ја почитуваат одлуката и примаат деца без примени вакцини, Филипче најави дека неделава ќе заседава Комисијата за заразни болести и не е исклучена можноста да има нови препораки.


Министерот најави дека ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторар и ќе има казни за тие што не ја почитуваат одлуката. Во меѓувреме, и покрај почетокот на учевната година нема зголемување на бројот на заболени од морбили. Минатата недела биле регистрирани 5 случаи, сите деца кои не биле вакцинирани.


Извор:libertas.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија