Грипот зема замав, децата на удар

Вторник, 13 Фев 2018 | Прочитано 229 пати.

Грипот зема замав, на удар се децата. Лекарите предупредуваат- честопати и обична настинка може да предизвика тешки респираторни инфекции. Во Институтот за белодробни заболувања- Козле дневно има по 100-ина амбулантски прегледи. Околу 90-тина деца се хоспитализирани.


„Најчесто хоспитализирани се деца со компликации кога станува збор за пневмонии, тешко респираторни инфекции кога децата имаат глад за воздух или со ларингитични состојби, за која треба да се особено внимание. Сезоната на грипот продолжува до крајот на март, пикот е постојан, тука нема нивелација, но во период кога имаме отежнати моменти во решавање на вакви случаи соработуваме помеѓу институциите и гледаме тој пик да не биде толку изразен“, изјави д-р Анѓелко Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата- Козле. Скопскиот градоначалник признава дека аерозагадувањето ги полни клиниките. Уверен е дека среднорочните мерки ќе дадат резултати. Очекува режимот на движење на возилата и гасификацијата да го намалат загадувањето во градот.


„Очекуваме годинава да започнеме со гасификацијата на градот во деловите кои не се опфатени со централното греење ќе ја зголемиме и енергетската ефикасност на објектите кои се под Градот Скопје. Тоа не е борба која што може да биде завршена преку ден, туку борба во која усвоената стратегија од моја страна како градоначалник заедно во соработка со другите институции започнуваме да ја имплементираме и на среден рок очекуваме дека Скопје повеќе нема да биде загаден град“, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.


Минатата недела две илјади граѓани со симптоми на грип побарале помош од својот лекар- покажува извештајот на Институтот за јавно здравје. Од почетокот на сезоната регистрирани се речиси 5.500 заболени.


Извор: МРТ

[назад]
loading...
Коментари