Украдени 200 литри нафта од амбулантата во Арачиново

Вторник, 13 Фев 2018 | Прочитано 142 пати.

Вчера околу 8.20 часот Ф.А. (58) од село Арачиново, вработена во амбуланта Арачиново како патронажна сестра, пријавила дека во периодот од 19.30 часот на 9 февруари до 7 часот на 12 февруари непознат сторител извршил тешка кражба во Здравствена станица Арачиново.


Сторителот со употреба на сила влегол во подрумската просторија, демонтирал едно црево на резервоарот и одзел околу 200 литри нафта за домаќинство, по што побегнал во непознат правец.


Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


Извор: МКД

[назад]
loading...
Коментари