Фабрегас потпиша на пет години со Челзи

Петок, 13 Јун 2014 | Прочитано 128 пати.

Сеск Фабрегас си замина од Барселона со цел да му се придружи на Челзи, потпишувајќи петгодишен договор со лондонскиот клуб. Висината на трансферот се уште не е позната, а се верува дека изнесува околу 30 милиони фунти.


Дваесет и седумгодишниот Шпанец во 2011 година ја засили Барса од редовите на Арсенал за 29 милиони евра, а си замина со ефект од 28 гола на 96 средби. Тој во изминатата сезона заби само осум погодоци, и неговата неефикасност е една од причините за промена на средината.

- Сакам да им се заблагодарам на сите во Барселона за прекрасните три години. Тоа е клубот од моето детство, и чест ми беше што играв за таква голема екипа. Имам незавршена работа во Премиерлигата, и мислам дека трансферот во Челзи е вистинскиот избор за мене во моментов - изјави Фабрегас.

[назад]
loading...
Коментари