Јута гази десет меча по ред!

Вторник, 13 Фев 2018 | Прочитано 113 пати.

Во Западната конференција од НБА-лигата се јави нов, непланиран кандидат за плејоф. Тоа е тимот на Јута џез кој победува веќе десет натпревари во серија. Последниот е против Сан Антонио со 101-99.


Откако го продадоа Гордон Хејворд во Бостон, се очекуваше дека тимот ќе замре и ќе вирее на дното на табелата, така и изгледаше до пред некое време, но Јута почна да игра како екипите кандидати за пехарот, победувајќи кого стигне. Во серијава од 10 победи, паднаа и Голден стејт и Торонто, а шест од тие победи се на гости.


Последнава, над Сан Антонио ја остварија со голем пресврт, имајќи предвид дека во последната четвртина губеа со 13 разлика. Дебитантот Донован Мичел стапи на сцена, постигнувајќи осум од последните девет поени на Џез, вклучувајќи и победнички скок-шут на четириесет секунди до крајот. Мечот го заврши со 25 поени, а имаше поддршка од Инглс со 20 и Фејворс со 19 коша.


Јута првпат дојде до скор над 50 отсто, со 29 победи и 28 победи, за десетто место на Западот во моментов.


Спротивно на Јута, Њујорк реди порази, особено откако се повреди Кристапс Порзингис. Седмиот по ред го доживеа во Филаделфија со 92-108. Даниел Шариќ беше прво име со 24 поени. Одлична индивидуална ноќ имаше Антонио Дејвис, кој со 38 поени и 10 скока го предводеше Њу Орлеанс до победа во Детроит со 118-103.


Импресионираше и шампионот Голден стејт совладувајќи го Феникс со 46 разлика, 129-83. Најдобар стрелец на натпреварот беше Пејтон од Феникс, со 29 коша, а Стеф Кари постигна 22 за Вориорс.


НБА РЕЗУЛТАТИ:


Детроит – Њу Орлеанс 103-118


Филаделфија – Њујорк 108-92


Бруклин - ЛА Клиперс 101-114


Чикаго – Орландо 105-101


Јута – Сан Антониот 101-99


Голден стејт – Феникс


[назад]
loading...
Коментари