Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро ќе ја води Шпанија на СП

Среда, 13 Јун 2018 | Прочитано 139 пати.

Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро е назначен за нов селектор на Шпанија откако Хулен Лопетеги доби шокантен отказ на ден пред почетокот на Светското првенство.


Реал Мадрид вчера објави дека Хулен Лопетеги ќе им биде нов тренер откако ќе завршиСветското првенство. Тоа не им се допадна на челниците на Шпанската федерација па денеска експресно му врачија отказ.

Неколку часа подоцна Шпанската федерација објави дека легендарниот Фернандо Јеро ќе биде селектор на селекцијата за време на Светското првенство.

Фернандо Јеро беше спортски директор на репрезентацијата на Шпанија. Тој има скромно тренерско искуство. Беше на клупата на Овиедо во сезоната 2016/2017.

[назад]
loading...
Коментари