НБА: Далас предводен од Дончиќ во рана борба за место во плејофот

Среда, 05 Дек 2018 | Прочитано 132 пати.

Домашниот терен се претвори во вистинска предност за тимот на Далас Маверикс, кој синоќа во арената во Тексас го совлада еден од конкурентите за место во плејофот во Западната конференција, тимот на Портланд Трејл Блејзерс.

Далас Маверикс стигна до победа против Портланд Трејл Блејзерс со резултат 111:102 и сега има позитивен скор од 12 победи и 11 порази во сезоната.

Како што веројатно веќе знаете, Лука Дончиќ го предводи тимот на Далас Маверикс, кој по неколку години изгледа забавно и игра динамична кошарка благодарение на младите таленти кои секоја вечер излегуваат на теренот. Младиот Словенец синоќа забележа 21 поен и 9 скока со кои го доближи тимот на Маверикс еден чекор поблиску до место во плејофот. Одлична поддршка му понуди Деандре Џордан, кој мечот го заврши со 12 поени и 17 скока.

Во тимот на Портланд се истакна Демијан Лилард со 33 поени, 8 скока и 8 асистенции, но немаше доволна поддршка од соиграчите за да го избегне синоќешниот пораз. Трејл Блејзерс останаа на 13 победи сезонава, што е доволно за осмото место во поредокот во Западната конференција.

Останати резултати:

Индијана Пејсерс – Чикаго Булс 96:90

Мајами Хит – Орландо Меџик 90:105

Феникс Санс – Сакраменто Кингс 105:122

Јута Џез – Сан Антонио Спарс 139:105

[назад]
loading...
Коментари