Покетино: Тотенхем не може да се споредува со Јувентус

Вторник, 13 Фев 2018 | Прочитано 191 пати.

Фудбалерите на Тотенхем ќе ги одмерат силите против италијански Јувентус во рамките на осмина-финалето од Лигата на шампионите.


Пред избраниците на Мауруцио Покетино е тешка задача, но во лондонскиот клуб веруваат дека можат да направат изненадување. Покетино во пресрет на натпреварот изјави дека Јувентус е великан во светскиот фудбал и не може Тотехем да се споредува со италијанскиот клуб.


„Јувентус е огромен клуб. Не можеме да се споредуваме со Јувентус затоа што тој клуб ги има освоено речиси сите титули. Во последните три години играа две финалиња во Лигата на шампионите и тоа доволно говори колку се силни“, изјави Покетино и додаде:


„Многу сме возбудени поради натпреварот и сакаме да покажеме колку можеме. Сигурно е дека сакаме да уживаме на натпреварот, но нашата цел е првентвено да покажеме дека заслужуваме пласман во четврт-финалето“, изјави Покетино.

[назад]
loading...
Коментари