Стручен коментар – Јетон Беќири: Одлично тактичко поставување… штета, можеше да има голеада

Вторник, 10 Сеп 2019 | Прочитано 105 пати.

Јетон Беќири, еден од нашите млади и воедно најдобри тренери, инаку стратег на Струга Трим Лум, специјално за СПОРТМЕДИА направи стручна анализа на мечот во Рига.


„Тотална контрола на натпреварот од наша страна, што е за почит, и се разбира и повеќе од заслужена победа на Македонија. Одлична анализа направена за противникот од нашиот стручен штаб и добро тактичко поставување на екипата. Посебно вешт потег на селекторот Ангеловски, беше поставувањето на Елмас на левата страна во нападот. Мислам дека ако погодеше Пандев за 3:0, при онаа зицер ситуација во првиот дел, ќе имаше голеада од наша страна. Следуваше мал разбирлив пад во второто полувреме, бидејќи имавме добар резултат а влијаеше и исцрпувачкиот натпревар против Израел. Ова се важни бодови за нас во групата Г, ова се бодови за подигнување на самодовербата на највисоко ниво пред клучните натпревари што следуваат во октомври и ноември во овие квалификации за пласман на ЕВРО 2020“ заврши Беќири.


Извор:sportmedia.mk


 

[назад]
loading...
Коментари