Светот е подготвен за фудбалското лудило – Почнува 21 Мундијал

Четврток, 14 Јун 2018 | Прочитано 414 пати.

Со натпреварот помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија денес почнува 21.Светско првенство во фудбал. Дуелот на стадионот „Лужники“ во Москва е закажан за 17 часот. Половина час порано ќе започне церемонијата на свеченото отворање, на која главна ѕвезда ќе биде поп пејачот Роби Вилијамс.


Мундијалот ќе се игра на 12 стадиони во 11 градови, на него ќе настапат 32 репрезентации, а ќе трае до 15.јули.


 


Националните тимови се поделени во осум групи, а во нокаут фазата ќе се пласираат по две најдобри селекции од секоја група.



Фазата по грипи ќе заврши на 28.јуни, а нокаут рундата ќе започне на 30.јуни. Големото финале ќе се одигра во Москва на 15.јули.


 


Титулата светски првак ќе ја брани Германија.

[назад]
loading...
Коментари