Арапската коалиција почна голем напад врз пристаниште во Јемен

Четврток, 14 Јун 2018 | Прочитано 400 пати.

Силите поддржани од коалицијата предводена од Саудиска Арабија утрово го нападнаа градот ал-Худајда, главното јеменско пристаниште.


Како што пренесуваат светските медиуми, во тек е најголемата битка во тригодишната војна меѓу арапската коалиција и бунтовниците Хути, поддржани од Иран.


 


Борбени авиони и воени бродови на коалицијата извршиле воздушни напади врз утврдувања на Хутите, со цел да ги поддржат операцииите на јеменските војници, јужно од пристаништето на брегот на Црвеното Море, се вели во соопштението на меѓународно признатата јеменска влада во егзил.


 


Нападот започна по истекот на рокот што коалицијата им го даде на бунтовниците, кои го контролираат градот Сана, а се однесуваше на тоа да предадат едно пристаниште кое е под нивна контрола.

[назад]
loading...
Коментари