Два сухои Су-34 се судрија на рускиот далечен исток, само едниот се вратил во базата

Петок, 18 Јан 2019 | Прочитано 287 пати.

Еден од двата руски борбени авиони Су-34 се вратил во базата по судирот и тоа само со еден мотор, соопшти руското министерство за одбрана.

Во соопштението се потврдува дека се случил судир на два воени авиони над Јапонско Море, како и дела авионите не носеле вооружување.

„Еден од авионите слета во базата Курба со еден мотор, а другиот исчезна над морето“, соопшти неименуван функционер за руските агенции.

Руското министерство за одбрана соопшти дека во „08:07 часот по московско време на 18 јануари два авиони Су-34 на воздухопловните сили од далечниот исток“ се судриле во воздух изведувајќи маневри за време на вежба, соопшти телевизијата Звезда на својот официјален сајт.

„Авионите извршувале лет без муниција“, се истакнува во соопштението.

Руската агенција ТАСС претходно јави дека двата авиони за време на лет над заливот Татар во далечниот источен руски регион Кабаровски се судриле, и поради тоа се приземјени сите такви авиони низ Русија, повикувајќи се на неименуван извор од руското министерство за одбрана.


[назад]
loading...
Коментари