Франција, Даноците повлечени, но демонстрантите со нови барања

Четврток, 06 Дек 2018 | Прочитано 98 пати.

Француската влада се откажа од зголемувањето на данокот на гориво во 2019 година, кој претходно беше суспендиран на шест месеци, објави доцна синоќа и официјално францускиот премиер, Едуард Филип.


Неименуван официјален претставник на Јелисејската палата за американската агенција „Асошиејтед прес“ изјавил дека францускиот претседател, Емануел Макрон, се откажал од зголемувањето на данокот на гориво поради страв од нови насилства по неколкунеделните протести низ целата земја и најлошите немири во Париз последниве неколку децении.


Француските демонстранти ја поздравија одлуката на Макрон, додавајќи дека таа е задоцнета и недоволна да се спречи јавниот гнев. Портпаролката на „жолтите елеци“ додаде дека остануваат на улица и оти следно барање на деомнстрантите веројатно ќе биде зголемување на минималната плата.

[назад]
loading...
Коментари